Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ викендов во Женева го освои својот стоти трофеј на тениските турнири во својата кариера.
Неколку денови подоцна, Ѓоковиќ го започнува својот поход по пехарот на гренд слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.
Првиот меч во Париз Ѓоковиќ го игра околу 15.00 часот против американскиот тенисер Мекензи МекДоналд.
Српскиот тенисер досега успеа три пади да го освои „Ролан Гарос“ и тоа во 2016, во 2021 и 2023 година.