Search

Шварценегер се сретна со преживеаните Израелци кои беа држени како заложници на Хамас

Поранешниот гувернер на Калифорнија  во петокот во неговата канцеларија во Санта Моника ги пречека роднините на израелските заложници кои се уште се држат во Газа од страна на Хамас, како и преживеаните од нападот во октомври.

Ѕвездата на познатиот филм Терминатор емотивно зборуваше за случувањата во Газа и го осуди антисемитизмот минатиот месец – тој рече дека нападот без преседан не наликува на ништо што некогаш го видел во неговиот живот и ја изрази својата поддршка за Израел.

Шварценегер на членовите на семејствата на израелските заложници им подари статуи од бронзени орли. После средбата тој изјави дека сака да шири мир затоа што тоа е помоќно од целата омраза и гнев.

Ела Шани (14) беше меѓу преживеаните кои отпатуваа од Израел до Санта Моника за да се сретне со Арнолд… таа раскажа како нејзиниот татко бил убиен на 7 октомври од страна на терористите на Хамас, и како нејзиниот 16-годишен братучед бил киднапиран.

Ела вели дека нејзиниот братучед се криел во безбедна соба во неговиот дом кога Хамас го запалиле местото и ја скршиле вратата. Таа вели дека на нејзината роднина и на уште двајца израелски мажи од соседна куќа им било наредено да влезат во автомобил со што биле киднапирани и однесени во Газа.

Додека Ела зборуваше за она што го преживеалата , Арнолд не успеа да ги задржи своите
емоции …на крајот се прегрнаа.

Средбата беше организирана од Музејот на толеранција Ерусалим – со кој Арнолд е партнер повеќе години .

Најново

Последни колумни