Еден ден по одржувањето на Skopje Pride 2023 – Гласни и Горди, ја запрашавме претседателкатана на ЛДП, пратеничката Моника Зајкова, како си помина на прајдот и зошто е значајно да се даде поддршка на овој настан. Еве го нејзиниот одговор:
„Добро помина и најважно мирно и безбедно. Не е важно дали еден ден ќе помине добро важно е како општество да обезбедиме еднакви права и еднаков пристап до услуги и можности. Сите треба да се чувствуваат слободно и да бидат тоа што се 365 дена во годината. Системот мора да интегрира. Се додека се дели кој што е и стигматизираме, нема да има напредок. Секој може да биде тоа што е и да се чувствува среќен и притоа за сметка на тоа да не му бидат намалени некои можности и да не е предмет на дискриминација и предрасуди или осуди. Поважно е да имаме квалитетни личности со потребните компетенции на прави места. Личности кои придонесуваат во општеството и го движат напред. Отколку се уште да се делиме и дискриминираме поради тоа кои сме на кој етникум или сексуална ориентација или род припаѓаме.“
Искрено ми е жал и што голем дел од луѓето кои се засегнати не земаа учество на настанот токму поради стигмата. Секој човек треба да е горд и гласен секој ден и се додека имаме нееднаков пристап и можности нема да можеме да зборуваме за напредок. На кому му смета љубов и среќни луѓе?!?