Search

Потеклото на зборот „педер“

Кога ќе го внесете зборот педер во Гугл, ќе добиете резултати директно поврзани со геј популацијата. Така, дури и да не знаеме кој се нарекува педер (што е многу малку веројатно) ќе дознаеме кога ќе го напишеме тој збор во најпознатиот пребарувач.

Сите мислиме дека знаеме што всушност значи зборот педер, и повеќето од нас би го објасниле истиот збор на ист начин: Педер е погрдно или навредливо име за геј маж.

Сепак, малку луѓе го знаат потеклото на самиот збор. Имено, етимолошкото потекло на зборот педер потекнува од старогрчкиот јазик, тој е всушност кованица paiderastes, формирана од зборовите: паис, во генитивната форма payos, што значи момче, и ерао, што значи посакувам.

Paiderastes или педер во Античка Грција всушност бил термин кој често се поврзувал со терминот ментор. Имено, многу важен дел од образованието за богатите момчиња било учењето под покровителство на ментор. Ученикот го стекнувал знаењето следејќи ги политичките говори на својот ментор на агората, помагајќи му во јавните работи, вежбајќи со него во гимназијата и посетувајќи симпозиуми.

Од грчкиот збор paiderastes е изведен зборот педерастија, што значи сексуална склоност на маж кон личност од ист пол, според првобитната дефиниција за возрасен маж кон адолесцент.

Педерастијата, која е синоним за хомосексуални мажи, се појавува и во делата на старогрчката литература. Познат е дијалогот меѓу Сократ и Критон од делото „Празник или разговор за љубовта“.

Самиот назив педер тогаш немал негативна конотација, едноставно означувал сексуална ориентација која вклучувала хомосексуални и бисексуални мажи. Кога стана навредливо некого да се нарече педер не се знае. Меѓутоа, познато е дека англискиот збор што може да се преведе како педер – faggot – станал навредлив во 17 век. Инаку, зборот faggot на француски значи сноп трски и првенствено се користел како име за постара женска личност. Бидејќи во тоа време постоело стереотипно мислење дека сите геј мажи се феминизирани, терминот faggot почнал да се користи како име за феминизиран геј маж во негативен контекст и со тоа зборот добил грда конотација.

Зборот педер својата негативна конотација ја добил со текот на времето, иако не се знае како. Сепак, познато е како зборот квир (queer) од навредлив збор стана политички коректен назив. Можеби истото ќе се случи и со зборот педер.

Извор: lgbti.ba

Најново

Последни колумни