Пензионер добил на лотарија, но поради доцната исплата останал без пари за храна

Пензионерот Пит Дејли од Велика Британија освоил награда на лотаријата EuroMillions и сигурен дека добивката ќе му „легне“ за десетина дена се фрлил на трошење, па сега нема пари ни за храна.
Фото: Magnus D from London, United Kingdom, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Кога дознал дека освоил награда на EuroMillions, пензионерот Пит Дејли бил најсреќниот човек на светот. Но, за жал, неговата среќа кратко траела. Дејли добил 582 фунти и ветена му била исплата десет дена по извлекувањето, но парите се уште не ги добил.

„Освоив 582,2 фунти и секогаш кога ќе им се јавам, добивам друга приказна. Играв лотарија 10 години, по 10 фунти неделно, значи 1040 фунти секоја година и така 30 години. Конечно добив 500 фунти, а тие не сакаат да ми ги исплатат“ вели Дејли.

Тој открива дека кога дознал дека освоил награда, платил осигурување за автомобилот бидејќи мислел дека ќе му стигнат парите и ќе може да преживее.

„Така цел месец се хранев од банка за храна бидејќи парите не се стигнати. Не можам да си дозволам фризер, потребни ми се нови чевли“ објаснува пензионерот.

Тој додава дека е заглавен дома и дека не може ни да си плати ни бензин.

„Ми требаат тие пари, се борам. Буквално ми се потребни парите за да живеам, не добро, туку за да живеам“ вели загрижениот пензионер.

Во врска со овој инцидент се огласија и од EuroJackpot, лотаријата што ја организира играта.

„Многу ни е жал поради загриженоста и колегите сега го контактираа господинот Дејли со ажурирани податоци. Успешно обработуваме стотици, понекогаш и илјадници барања за исплата секоја недела. Следи воведување на ревидиран процес на побарувања кој моравме да го воведеме порано оваа година, откако поштата одлучи дека веќе нема да ги испорачува наградите помеѓу 500,01 и 50 илјади фунти. За жал, барањата за овие исплати доцнат од различни причини. Меѓутоа, продолжуваме да работиме за да ја подобриме исплатата и сакаме да ги увериме нашите победници дека сигурно ќе ја добијат своајта награда“ велат од лотаријата.

Извор: Б92

Најново

Последни колумни