Панда за роденден доби торта на пет спратови

Фотографии од зоолошката градина во Шангај ги освоија социјалните мрежи. Џиновската панда Хе Фенг наполни седум години, а по тој повод и приредија вистинска роденденска забава.

Палавата и игрива панда позната под прекарот „Бели чорапи“, бидејќи има бело крзно на шепите ги воодушеви посетителите. Таа навистина уживаше во амбиентот. Вработените и подготвиле вистинска гозба со бамбус и роденденска торта од овошје.

„Целата торта е направена од замрзнат сок од портокал, киви, шумско овошје, а ја декориравме и со црвено јаболко“, изјавил работникот во зоолошката градина во Шангај.

Извор: kurir.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни