Search

„Ние сме дел од проблемот“: Како H&M, Mango и Zara се обидуваат да го исчистат своето дело

Модната индустрија треба да вложи многу повеќе средства за справување со отпадот од облека
Во еден магацин на периферијата на Барселона, жените стојат пред подвижни ленти, рачно сортираат маици, фармерки и фустани од големи бали во кои е компресирана користена облека. Со тој мал чекор придонесуват кон справувањето со огромниот европски проблем со старата мода т.е искористената гардероба.

Во рок од една година, Центарот за сортирање, управуван од добротворната организација за повторна употреба и рециклирање облека Мода Ре, планира да го удвои обемот на работа и со тоа да може да сортира 40.000 метрички кубни облека на годишно ниво.

„Ова е само почеток“, рече Алберт Алберих, директор на Мода Ре, која е дел од шпанската добротворна организација Каритас и го води најголемиот синџир за користена облека во Шпанија. „Сè повеќе ќе вложуваме за да имаме максимална искористеност на старата облека која ќе ја пренаменуваме во суровина за модните компании во Европа“.

Со финансиска поддршка од Inditex, сопственик на Zara, Moda Re ќе ги прошири локациите на дејствување во Барселона, Билбао и Валенсија. Центрите за сортирање стар текстил се некои од првите знаци на поголема свесност за сортирањето, преработката и рециклирањето на облеката.

Зошто добротворната организација ги отвори и зошто Индитекс го помага нивниот опстанок?

Сето тоа е одговор на низата нови предлози на Европската унија за ограничување на модната индустрија.

Исто така во Шпанија, ривалите, вклучувајќи ги H&M и Mango, создадоа непрофитна асоцијација за управување со отпадот од облека. Ова е одговор на законот на ЕУ кој бара од земјите-членки да го одделат текстилот од другиот отпад од јануари 2025 година.

Брзата мода е „тешко неодржлива“
Брзата мода, или изработката и продажбата на евтина облека со краток животен век, е „тешко неодржлива“, соопшти Комисијата во јули. Меѓу другото посочија и дека текстилната индустрија е главен фактор за климатските промени и штетите на животната средина. Тоа го должат на фактот што едвај четвртина од 5,2 милиони тони отпад од облека во Европа се рециклира, а милиони тони завршуваат на депонија секоја година.

Извештајот на ЕУ од 2021 година покажува дека расте свеста за рециклирање на облеката иако не постојат прецизни податоци.

Како Inditex придонесува за одржлив развој?
Сопственикот на Зара, Индитекс, кој во март изјави дека лани пласирал 10 отсто повеќе парчиња облека на пазарот на глобално ниво отколку во 2021 година, има за цел да користи 40 отсто рециклирани влакна во облеката до 2030 година како дел од целите за одржливост.

„Главниот проблем со кој се соочуваме е прекумерната потрошувачка“, вели Дијана Линд, ESG аналитичар во Union Investment, менаџер на средства со седиште во Франкфурт и акционерка во Adidas, Hugo Boss, Inditex и H&M.

Хуго Бос во изјава за Ројтерс рече дека „препродукцијата и прекумерната потрошувачка се, генерално, проблем во целата индустрија“, додавајќи дека постојано прави анализи на податоци за подобро да го прилагоди производството на побарувачката.

За рециклирање на поголеми количини потребни се повеќе пари

Од шест до седум милијарди евра ќе мора да се инвестираат во индустријата за преработка и рециклирање на текстил за да се задоволат апетитите на ЕУ за намалување на отпадот до 2030 година, проценува консултантската компанија McKinsey.

Inditex соопшти дека ќе инвестира 3,5 милиони евра во Moda Re во текот на три години и дека ќе постави контејнери за рециклирање во сите свои шпански продавници. Во изјава за Ројтерс, H&M призна дека тоа е „дел од проблемот“.

„Начинот на кој се произведува и консумира модата треба да се промени – ова е непобитна вистина“, велат од H&M.

Како Адидас, Пума и Бестселерот ќе придонесат за рециклирањето?

Пума е една од водечките компании кои придонесува за што поголемо рециклирање преку својата партнерска програма со компании за сортирање облека во Германија, Швајцарија и Италија. Но и останатите модни гиганти имаат свое позитивно влијание. Адидас, Бестселерот и H&M имаат инвестирано во финската старт-ап компанија Infinited Fiber, која произведува влакна од текстилен отпад, картон и хартија.

Во тие погони за рециклирање строго е утврдено под кои правила трговците на мало можат да се приклучат и да помогнат во собирањето и искористувањето на старата облека, како таа би можела повторно да се употреби.

Според предложените правила, трговците на мало ќе плаќаат надомест од околу 12 евроценти по ставка за секоја облека продадена во блокот, со повисоки стапки за облеката што е потешко да се рециклира.

Сличен систем веќе постои во Франција од 2008 година а е раководен од организацијата наречена Refashion.

Најново

Последни колумни