Најдобриот сендвич во светот се прави во Париз

Магазинот Time Out го прогласи сендвичот со шунка и путер во бистрото Petit Vendôme во Париз за најдобар сендвич во светот.
Фото: Wall Tee/Google Maps

Багетот е многу повеќе од долго парче леб, тој е икона на француската престолнина, веројатно и повеќе од тоа. Овој вид леб му помогна на едно париско бистро да ја постигне титулата за својот специјалитет – најдобар сендвич на светот.

Сендвичите се универзални, секој регион на планетата има своја верзија на вкусниот фил помеѓу две кришки леб. Магазинот Time Out ги покани членовите на својата глобална мрежа на соработници да состават листа на најдобри сендвичи, а во жестока конкуренција победник беше jambon beurre, кој се наоѓа на менито на ресторанот Le Petit Vendôme.


„Тие се направени по нарачка и подготвени пред вас користејќи наградувани пекарски багети Julien, парчиња супер свеж путер и шунка. Кога би можеле да го јадете, почувствувате и мирисате на Градот на светлината, тоа би било тоа“, опишува дописничката на „Time Out“ од Париз, Тина Мајер.

„Petit Vendôme“ е типичен париски мал ресторан, или бистро, кој Time Out го опишува како „пекол за веганите и рај за љубителите на месото“.

Парижаните јадат сендвичи секој ден, без разлика дали се работи за брз ручек пред да се вратат на работа или за пикник во парк.

Ресторанот продава околу стотина „најдобри сендвичи во светот“ секој ден, а за да го пробате „ова уметничко дело“ со шунка и путер, вели магазинот, треба да издвоите шест евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни