Кујнскиот предмет што треба да го менувате секој ден, а многумина го забораваат

Микробиолозите предупредуваат дека кујнските крпи треба да се перат секој ден за да се спречи размножување на бактерии и контаминација на храната.

Кујнската крпа е еден од најчесто користените предмети во домот, но и еден од најзанемарените кога станува збор за хигиената. Според микробиолози, таа треба да се менува и пере секој ден, бидејќи лесно собира бактерии, вируси и други микроорганизми кои можат да се пренесат на храната и работните површини.

Експертите предупредуваат дека влажните крпи, особено оние со остатоци од храна, создаваат идеални услови за размножување на опасни бактерии како E. coliSalmonella и Campylobacter. Затоа се препорачува по секоја интензивна употреба крпата да се стави на перење.

Исклучок се крпите што се користат исклучиво за бришење чисти раце. Доколку не доаѓаат во контакт со храна или нечисти површини, тие не мора да се перат секој ден.

За најдобра хигиена, кујнските крпи треба да се перат одвоено од останатата облека, на висока температура со детергент, а потоа целосно да се исушат. Високата температура е еден од најефикасните начини за уништување на бактериите и другите микроорганизми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс