Костадиновска-Стојчевска: За се бев премногу млада и премногу женско

„Бев премногу млада кога се вработив, бев премногу млада кога докторирав, па не доживеав промоција на мојот докторат. Бев премногу млада кога станав пратеник, па што знам сега јас да се борам, бев премногу млада кога станав министер. Едноставно за се бев премногу млада, бев премногу женско“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на мултимедијалниот настан „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“.

Таа додаде дека не добива еднаков третман како и нејзините машки колеги и дека добива критики и коментари за работи за кои мажите политичари не добиваат.

„Бев по патики во Ерусалим, па не бев женско, па кај ти се штиклите? А ако бев во штикли ќе беше обратно“ прокоментира Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исто така кажа дека веќе година и пол мажите политичари ѝ се обраќаат со „срцка“ или „чупе“.

„Ми се обраќаат на име. Мислам дека многу кратко бев министерке. Сега сум Бисера, сега сум чупе“ вели Костадиновска-Стојчевска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс