Search

Конопфест 2024 – поле за креативност, дружење и многу љубов

Замислете сега, фатиш доктор некој 45 годишен со канабис, сега треба да го процесуираш… смешно е, жално е. Тој човек придонесува, спасува животи, придонесува за ова општество. Зашто тоа да биде казниво, едноставно може некој не пие алкохол ова му е алтернативата за алкохолот“, вака Ангел Ангеловски кој по професија е фотограф вака го темели својот позитивен став за легализација, односно декриминализацијата на канабисот во Македонија.

Ангеловски е само еден од основачите и активистите на здружението Билка. Тој и годинава на 20 април ќе биде во Градкиот парк Скопје на овогодинешното издание на Конопфест.

„Конопфест се случува секоја година на 20 април и тоа е светски Ден на канабис каде што се прославува во многу земји во светот. Претставува дружење, собирање, љубов, среќа, емоција“, додава фотографот Ангеловски.

Ангел Ангеловски

Како него размислуваат уште илјадници луѓе во Македонија, а меѓу сите тие е и адвокатот Јанаки Митровски. И тој како Ангел е еден од темелите на Билка.

Посочува дека една од најголемите препреки во нивните заложби е балканскиот менталитет, но и влијанието на црниот пазар поддржан од политички фактори.

„Кај нас претежно балканскиот менталитет, постарите генерации кои што никако не прифаќаат ваков тип на теми и лажниот морализам кој што го пропагираат делумно политички „елити“, а делумно тоа го прават верски авторитети и во најголем дел како што кажав постарата популација која никако да ги прифати бенефитите од легализацијата на канабисот“, смета Јанаки.

Јанаки Митровски

Конопфест и тоа како има директно влијание на јавната свест, а тоа го потврдуваат масовните посети кои стануваат препознатлив белег на фестивалот. И годинава продолжува традицијата на ролање најкреативен, но и најдолг џоинт.

„Општо е познато дека во сите друштва има најбољи ролач. Идејата е да се соберат повеќе екипи, да се види кој е стварно најдобриот онака и да го избереме кој е најкреативниот. Ќе направиме и една идеја да видиме кој може да срола и најголем џоинт“, истакнува Мартин Палашев – основач на Булмак дистрибушн, официјални увозници на OCB rolling papers во Македонија.

Мартин Палашев

Инаку, според извештаите, постојат повеќе од 200 сленгови за марихуаната. Најчесто користени се: Мери Џејн, трева, ганџа, вутра, грање и слично, како и поколоритните имиња како зелена салата, трева за смеење, весел дим…

Најново

Последни колумни