Компанија нуди крстарење кое никогаш не завршува за живеење на брод и патување низ светот

Компанијата „Life at Sea“ чие крстарење кое треба да трае 3 години трнува во ноември, најави дека нивните клиенти се заинтересирани за живот на бродовите и нон-стоп крстарења, поради што ова патување ќе стане „крстарењето што никогаш не завршува“.

Идејата настана откако фирмата ги интервјуираше потенцијалните клиенти кои беа воодушевени од идејата за тригодишното крстарење, но не можеа да стигнат на датумот на кој бродот исполвува, изјави за Си-Ен-Ен Кендра Холмс, извршен директор на Miray Cruises – која е сопственик и управува со Life at Sea.

Клиентите ќе се пријаваат за нивното тригодишно крстарење – но сега тие можат да започнат во која било точка од маршрутата, што значи дека крстарењето ќе продолжува се додека има заинтересирани клиенти.

Сепак тие кои подоцна ќе се вклучат на крстарењето не значи дека ќе го имаат истото исксутво како тие пред нив. За да им се допадне на клиентите кои сакаат да останат, маршрутата ќе продолжи до нови дестинации, наместо да се враќа на претходните. Крстарењето потоа ќе продолжи на неодредено време, вели Холмс, која додава: „Тоа стана крстарење кое никогаш не завршува“.

Холмс вели дека главните дестинации како што се Велигденските остров, Дубаи и цела Индија не се на првата маршрута од логистички причини и се очекува да се појават во четвртата година.

Сега ќе има седум потенцијални локации за почеток во првата година од крстарењето, кое поаѓа од Истанбул на 1 ноември.

Холмс изјави за Си-Ен-Ен дека тимот на Miray Cruises – кој е сопственик на Life at Sea – дошол до оваа идеја откако по разговорите со потенцијалните клиенти не можеле да го одредат конкретниот датум за почеток на крстарењето

„Откако крстарењето беше објавено во мај, имаше многу луѓе кои сакаа да дојдат, но ноември беше прерано да ги продадат своите домови, да направат планови и да си ги спакуваат животите“, рече таа.

„Направивме список, почнавме да размислуваме и рековме: „Планиравме да го повториме ваквото крстарење, а зошто само да не го продолжиме?“

Некои пријавени клиенти, исто така, беа погодени со здравствени проблеми.

„Од почетокот рековме дека ќе ги вратиме парите во целост за секој со медицински проблеми, но имавме луѓе кои велеа: ‘Не сакам враќање на парите, само сакам да го решам ова и да се вклучам’, така што ние мислевме дека ќе им дадеме можност и ним. Имавме жители кои прашуваа што ќе се случи ако сакаат да продолжат, па почнавме да ги разгледуваме опциите за маршрутата, да видиме кои места можеме да ги додадеме“.

Оние кои не можат да тргнат од Истанбул, имаат шанса да се придружат во Барселона на 6 ноември, на Бахамите една недела подоцна или во Рио де Жанеиро на 20 декември, токму на време за Божиќ на бродот.

Ќе има уште три постојки во централна и северна Америка и во првата половина на 2024 година.

Холмс вели дека новиот систем не треба да влијае на политиката на компанијата да продава само 85% капацитет.

Бродот – MV Lara – може да превезе 1.400 патници, но Холмс ветува „никогаш нема да продадеме полн капацитет – не сакаме жителите да го имаат тоа искуство. Се обидуваме да го задржиме на 85%. Пополнетоста моментално е над 50% за ноемвриските пансиони.“

Крстарењето ја започнува и програмата „Нуркајте низ светот“ откако Холмс – и самата инструкторка за нуркање – забележа дека многу од гостите се заинтересирани за нуркање.

Сега ќе има продавница за нуркање на бродот, која ќе работи во тандем со Scuba Diving International (SDI), со инструктор со полно работно време кој ќе се приклучи на екипажот на бродот. Патниците ќе можат да добијат сертификат за нуркање додека патуваат и ќе има можности за нуркање низ целиот свет, поврзувајќи се со училишта за нуркање проверени од SDI.

Гостите исто така ќе можат да учествуваат во чистењето на океаните и напорите за размножување на коралите додека патуваат.

Иако тие не се првите кои нудат постојани (или полу-постојани) крстарења, Life at Sea останува единствената (релативно) достапна опција за долгорочно крстарење, вели Холмс.

„Тоа е 3.500-4.000 долари месечно и можете да одите да го видите светот. Можеме да го понудиме ова на просечниот заработувач, или на лице кое штотуку се пензионирало од просечната работа“.

Тековните цени започнуваат од 38.513 долари годишно по лице. Сè е вклучено – сè до здравствената заштита на бродот.

Извор: CNN

е-Трн да боцка во твојот инбокс