Алжирската боксерка Имане Хелиф го привлече вниманието на Олимписките игри во Париз, откако нејзината противничка во првото коло се повлече, а одредени медиуми започнаа да ја критикуваат, ширејќи дезинформации дека е машко.
Таа се соочи со многу обвинувања и критики, но сепак успеа да стигне до златото во Париз. Поради нападите и дезинформациите кои се ширеа против неа, таа реши да ги тужи, помеѓу останатите и Илон Маск, Џ.К. Роулинг, но и да покаже како изгледа надвор од рингот.
Во видеото објавено на Инстаграм, боксерката се појавува нашминкана и облечена во розе-цветна комбинација.
Извор: Б92