Огромни сообраќајни метежи го парализираа југот на Хрватска. На граничниот премин Карасовиќи, на излез од Хрватска кон Црна Гора, возачите утрово чекаат повеќе од 10 часа. Според информациите на Хрватскиот авто-клуб (ХАК), колона од возила се протега од граничниот премин до аеродромот во Дубровник, а една сообраќајна лента низ Конавле е целосно блокирана.
„Поради големата колона возила на државниот пат ДЦ8, на делницата Чилипи – Граничен премин Карасовиќи, сообраќајот се одвива забавено со повремени застои. Ги молиме возачите за трпение“, соопшти ХАК.
Голем метеж има и на граничниот премин Витаљина, иако таму сообраќајот се одвива нешто побрзо. Според хрватските медиуми, хаотичната состојба започнала уште во саботата, а поради зголемениот број туристи и патници се очекува гужвите да продолжат и во текот на денот. Возачите кои патуваат кон Црна Гора се советуваат, доколку имаат можност, да користат алтернативни гранични премини и да се информираат за состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.