Гугл влегува во борба со лажните оценки и рецензии на Гугл Мапс

Гугл Мапс воведуваат строги мерки против лажните рецензии, кои ќе вклучуваат и предупредувања за корисниците, но и блокирање на бизнис профили.

За многумина читањето на рецензиите на Гугл Мапс се редовна пракса пред посетата на некое место или нов угостителски објект. Со цел мислењата на корисниците вистински да ја одразуваат реалната слика, Гугл сега најави чекори за стопирање на деловните профили кои прибегнуваат кон лажни рецензии за да ја подобрат нивната репутација.

Компанијата објави нови правила и ограничувања како дел од својата политика за лажни рецензии, а оние кои ќе ја прекршат ќе се соочат со последици како привремено отстранување на оценки, блокирање на нови рејтинзи и прикажување предупредувања на корисниците кои пребаруваат.

Овие мерки се веќе видливи за корисниците од Велика Британија, а се очекува во наредниот период да станат достапни низ целиот свет.

Според правилата на Гугл Мапс, рецензиите на оваа платформа мора да го одразуваат вистинското искуство на корисниците со одреден деловен простор или производ. Гугл строго им забранува на деловните профили да поддржуваат содржини што не прикажуваат реална слика, односно да ги мотивираат корисниците со попусти, паричен надоместок или бесплатни услуги да остават добра рецензија.

Платформата ќе користи напредни системи и човечки модератори за да ги препознае злонамерните активности на оние кои користат повеќе профили, емулација или модифицирани оперативни системи за да симулираат автентични оценки на корисници.

Способноста за јавно означување и засрамување на профилите на фирмите може да биде доволна пречка за многу бизниси, а корисниците ќе бидат заштитени од посета на непроверени или потенцијално проблематични страници со овие предупредувања.

Извор: Мондо

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни