Чуварите во зоолошките градини имаат проблеми со горилите, па поради тоа воведуваат и нови правила како ограничување на времето пред екран.
Како што известува Wall Street Journal, зоолошките градини ширум Северна Америка се обидуваат да ја намалат опседнатоста на животните со паметните телефони. До тој проблем дошло откако се поголем број на посетители низ години доаѓале до горилите и преку стаклото им покажувале слики и видеа на екраните. А како и луѓето така и горилите лесно се привикнале на тоа.
Последните години извештаите за горилите во зоолошките градини во големите градови покажуваат дека тие стануваат зависни од паметните телефони. Во Торонто, вработените во зоолошката градина започнале да поставуваат и знакови со кои им сугерираат на посетителите да не им ги покажуваат своите паметни телефони на животните, бидејќи тие потоа го менуваат своето однесување и бараат од сите луѓе да им покажат нешто на екранот.
„За доброто на горилите ве молиме не им покажувајте видеа или фотографии, бидејќи некои содржини може да бидат вознемирувачки и да влијаат на нивните односи и на однесувањето во нивните фамилии“ стои на еден знак.
Во зоолошката градина во Сан Диего, новинарите на WSJ забележале дека луѓето не ги почитуваат ваквите забрани.