Канскиот филмски фестивал е местото каде што се вперени очите на јавноста овој период , а тоа го искористи и една активистка која облечена во фустан со боите на украинското знаме, се полеја со лажна крв.

Како што известуваат светски агенции, жената се појавила на црвениот тепих пред премиерата на филмот „Киселина“ во Кан, каде што решила да го привлече вниманието на јавноста поливајќи се со црвена боја.
Ваквиот потег бил за да се привлече вниманието на жртвите од руската агресија врз Украина, а веднаш по демонстрацијата, жената беше отстранета од црвениот тепих од страна на обезбедувањето на фестивалот.