Search

Гасење на слободите во Русија – ЛГБТК+ активизмот прогласен за екстремистички

Полициските рации во Москва следеа по одлуката на рускиот Врховен суд да го означи ЛГБТК+ „движењето“ во земјата како екстремистичко. Овој потег претставува најнова репресија на ЛГБТК+ правата од страна на претседателот Владимир Путин кој постојано ги нагласува ,,традиционалните семејни вредности’’

Руските безбедносни сили извршија рации во геј клубови и барови низ Москва, помалку од 48 часа откако највисокиот суд во земјата го забрани „глобалното ЛГБТК+ движење“ и го означи како „екстремистичка“ организација.

Полицијата претресувала места низ руската престолнина, вклучувајќи ноќен клуб, машка сауна и бар во кој се одржувале ЛГБТК+ забави, под изговор дека е рација за дрога- објавија локалните медиуми.

Очевидци за медиумите велат дека од страна на безбедносните сили им биле проверувани и фотографирани личните документи на посетителите.

Одлуката, која беше донесена како одговор на тужба поднесена од Министерството за правда, а воедно е и најновиот чекор во децениското прогонување на ЛГБТК+ заедицата и повреда врз нивните права од страна на претседателот Владимир Путин кој за време на неговите 24 години на власт постојано ги  истакннува „традиционалните семејни вредности“

Активистите тврдат  дека тужбата била поднесена против движење кое не е официјална организација  и дека според оваа нејасна дефиниција властите би можеле да влезат во конфликт со било какви  поединци и групи на луѓе за кои тие сметаат дека се дел од ова движење.

Со оваа одлука, неколку ЛГБТК+ места веќе се затворени, вклучувајќи го и геј клубот Централна станица во Санкт Петербург. Во петокот на социјалните мрежи пишуваше дека сопственикот повеќе нема да дозволи барот да работи со важечкиот закон.

Макс Оленичев, адвокат за човекови права кој работи со руската ЛГБТК+ заедница, вели дека оваа пресудата забранува организирање на било каква  активност за одбрана на правата на ЛГБТК+ луѓето.

„Во пракса, може да се случи руските власти, со оваа судска одлука во рака, да ја спроведат (пресудата) против ЛГБТК+ иницијативите кои функционираат во Русија, сметајќи ги за дел од ова граѓанско движење“, рече Оленичев.

Пред пресудата, водечките руски групи за човекови права поднесоа документ до Врховниот суд во кој тужбата на Министерството за правда ја нарекоа дискриминаторска и кршење на рускиот устав.

Кршење на правата на ЛГБТК+ низ Русија

Во 2013 година, Кремљ го усвои првото законодавство со кое се ограничуваат правата на ЛГБТК+, познат како закон за „геј пропаганда“, забранувајќи секакво јавно одобрување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетниците. Во 2020 година, уставните реформи спроведени од Путин за продолжување на неговото владеење за уште два мандата, исто така, вклучија одредба за забрана на истополовите бракови.

Откако испрати војници во Украина во 2022 година, Кремљ ја засили кампањата против, како што го нарече, „понижувачкото“ влијание на Западот. Застапниците за правата ова го гледаа како обид за легитимирање на војната. Истата година, беше донесен закон со кој се забранува пропаганда на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу возрасните , со што практично се забранува секое јавно одобрување на ЛГБТК+ луѓето.

Друг закон донесен оваа година ги забранува процедурите за родова транзиција и грижата за потврдување на полот за трансродовите лица. Законодавството забранува какви било „медицински интервенции насочени кон промена на полот на личноста“, како и промена на полот во официјалните документи и јавните записи.

Руските власти ги отфрлаат обвинувањата за ЛГБТК+ дискриминација. Претходно овој месец, руските медиуми го цитираа заменик министерот за правда Андреј Логинов дека „правата на ЛГБТ луѓето во Русија се заштитени“ законски. Тој презентираше извештај за човековите права во Русија до Советот за човекови права на ОН во Женева, тврдејќи дека „зауздувањето на јавната демонстрација на нетрадиционални сексуални односи или преференции не е форма на цензура за нив“.

Случајот на Врховниот суд е класифициран и останува нејасно како ќе бидат ограничени ЛГБТК+ активистите и симболите.

Многу луѓе ќе размислат да ја напуштат Русија пред да станат главна цел за властите, вели Олга Баранова, директорка на Московскиот центар на заедницата за ЛГБТК+ иницијативи.

„Јасно ни е дека тие уште еднаш нè прават домашен непријател за да го тргнат фокусот од сите други проблеми што ги има во изобилство во Русија“, вели Баранова .

извор: https://www.euronews.com/

Најново

Последни колумни