(ВИДЕО)Голема дупка проголта пат во Шангај: асфалтот се урна среде раскрсница

Властите соопштија дека причина за инцидентот е протекување вода на градилиште за метро, нема пријавени повредени.

Голема дупка се отвори на фреквентна раскрсница во Шангај, Кина, откако дел од коловозот ненадејно се урна и создаде масивна каверна што проголта дел од патот, огради и градежна опрема.

Инцидентот се случил на 11 февруари во општината Минханг, на крстосницата меѓу улиците Qixin Road и Li’an Road. Снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како асфалтот најпрво пука, а потоа целосно се урива, оставајќи зад себе длабока дупка.

@accuweather

A massive sinkhole swallowed a road in Shanghai, China, on Wednesday morning after a reported leak at a subway construction site. No injuries were reported.

♬ original sound – AccuWeather

Според информациите од локалните власти, причина за пропаѓањето било протекување вода поврзано со изградба на нова метро линија во близина. Претходно биле регистрирани проблеми со навлегување на вода на градилиштето, по што земјиштето под коловозот попуштило.

Надлежните соопштија дека нема пријавени повредени или загинати лица. Областа веднаш била обезбедена, а сообраќајот пренасочен додека екипи ја проценуваат стабилноста на теренот и ја утврдуваат точната причина за инцидентот.

Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на урбаните инфраструктурни проекти во мегаполисите, особено кога се работи за изградба на подземни линии во густо населени подрачја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни