Денис Ричардс откри дека била силувана кога имала само 15 години

Поранешната сопруга на Чарли Шин, актерката Денис Ричардс за прв пат ги раскажа деталите за силувањето кое го доживеала кога имала само 15 години.

За време на премиерата на третата сезона на серијата на Fox „Специјални сили: Најтешкиот тест на светот“, актерката и ТВ-лице Денис Ричардс откри дека била сексуално злоставувана кога имала само 15 години.

„Навистина сакам да научам како да не дозволам стравот да ме обземе. Поминав низ трауматски ситуации кои беа многу страшни за мене“, изјавила 53-годишната ѕвезда од „Wild Things“.

„Дел од причините поради кои сакав да учествувам на овој натпревар е затоа што сум била во ситуации кога едноставно би се смрзнала од страв и не би можела да функционирам. Немав сила да кажам ниту еден збор“, изјави Ричардс.

„Првиот пат кога го доживеав тоа, имав само 15 години и забележав маж кој ме следи. Тој дојде зад мене, ја стави раката околу мојата уста, ме фати за вагината и почна да ме влече, а јас се смрзнав. Немам сила ни да врескам за помош. Толку е страшно да се има таква ситуација на таа возраст кога си толку ранлив. А јас имам три ќерки и сакам никогаш да не поминат низ тоа. И, исто така, ако нешто, не дај Боже, се случи, тие да бидат доволно силни“.

„Мислам дека не се навраќав на многу од она низ кое сум поминала, и тоа е многу страшно. Не знам дали би можела да го преболам своето минато”, рече таа без да открие повеќе детали за сексуалниот напад, кој сепак го нарече силување.

Потоа се сети на уште еден страшен настан.

„Возевме. Сакаше да ме однесе до сетот. Не сакаше да одам сама, фала му на Бога. Во нас пукаа додека бевме во неговиот камион, а јас седнав на подот и буквално се мочав од страв. И повторно ‘замрзнав’“, се присети на ситуација кога возела со нејзиниот колега и сопруг Арон Пајперс.

Сето ова актерката го открила поради наводите на организаторите на серијата „Специјални сили: Најтешкиот тест на светот“ дека изгледала многу исплашено при одредени акции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни