Search

Дали сме чекор поблиску до соларни електрани во вселената?

Соларните панели инсталирани на сателитите покажаа дека е можно да се соберат сончевите зраци и да се претворат во енергија за работа на сателитот, но останува прашањето дали енергијата добиена на овој начин би можела да се пренасочи на Земјата. Исто така се наметнува и дилемата дали би можело да се испратат фолеми панели за таа намена на таа далечина?

Научниците од Универзитетот Свонси успеаја да развијат нови соларни ќелии од хемиското соединение кадмиум телурид. Панелите произведени на овој начин покриваат поголема површина, се полесни и имаат значително поголема цврстина од постоечката технологија. Исто така, тие не се скапи за производство.

Иако првичната идеја беше оваа мисија да трае една година, шест години подоцна таа сè уште е во тек, што покажува дека панелите можат да го издржат зрачењето и тешките услови на вселената.

Во текот на шест години и 30.000 орбити, собраните податоци не покажаа раслојување или влошување на ќелиите. Она што се случи е забележано е само намалување на јачината на ќелиите со текот на времето. Сепак, научниците веруваат дека ова е само почеток и дека понатамошните истражувања ќе ги подобрат овие перформанси.

Некои други истражувања пронајдоа начин да се испрати енергија од вселената на Земјата. Имено, енергијата на сонцето се претвора во високофреквентни микробранови преку соларни панели во вселената, кои потоа се испраќаат на Земјата и добиваат енергија.

Кризата предизвикана од климатските промени бара изнаоѓање различни начини за добивање енергија од обновливи извори. Многу е важно да се работи на развојот на сончевата енергија добиена на овој начин, имајќи предвид дека сончевата енергија во вселената е многу повисока отколку на површината на планетата. Дополнително, како уште една предност на вселената, треба да го додадеме отсуството на облаци кои можат да го нарушат допирањето на сончевите зраци до соларните панели.

Извор: energetskiportal.rs

Најново

Последни колумни