ЦИВИЛ со протестно писмо пред руската амбасада, денеска во 12 часот

Денеска во 12 часот пред руската амбасада во Скопје, претставници на ЦИВИЛ ќе прочитаат протестно писмо по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Алексеј Навални.

Со овој чин, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се придружува кон илјадниците граѓанки и граѓани низ целиот свет кои изразија протест против диктаторскиот режим на Путин, чија жртва е Алексеј Навални.

е-Трн да боцка во твојот инбокс