Search

Бродот „Епос“ – пловечката библиотека на изолираните села долж норвешкиот брег

Изграден во 1963 година, Епос со децении служеше како бокбат, или пловечка библиотека, пловејќи по фјордовите долж норвешкиот брег и носејќи им книги на жителите. Во 2020 година, неговото финансирање беше скратено. За да го спасат Епос и неговата мисија, поддржувачите создадоа фондација која го купи бродот и повторно го промовираше како центар за литературни настани и патувачка книжарница.

Сервисот пловечка библиотека беше лансиран во 1959 година како локален проект во Хордаланд, со брод наречен Абдула. Епос го презеде во 1964 година. Тоа е брод долг 80 стапки изграден во 1963 година во бродоградилиштето Fjellstrand во Страндебарм.

Бродот беше во сопственост на шатл-служба наречена Vinnsnes, која го користи за разгледување знаменитости во туристичката сезона и го издава како библиотека во други периоди од годината. Тоа беше бесплатна услуга во оддалечените места на кои им недостасува библиотека и културни понуди наменети за децата.

Тој се грижи за заедниците на оддалечените острови повеќе од 60 години, како и за селата покрај фјордовите во есен и зима. По пристигнувањето на брегот, неколку стотици книги и аудио книги се истовараат и ќе се чуваат од локалното населние до следниот повик од Епос. За време на повиците, честопати на бродот се одржуваат културни настани за деца, како што се предавања за автори, концерти и куклени претстави. Според зборовите на авторката и писателката Сесили Енгер, „Епосот е уникатен брод што плови под книжевно знаме“.

Оваа услуга е единствена во Норвешка, иако постојат многу букмобилни автобуси низ целата земја,сепак има само еден брод. Овој брод управува со западниот брег на Норвешка, со своите фјордови и нејзините острови, и е заедничка услуга помеѓу три библиотеки на округот. Првата пловечка библиотечна услуга била започната во 1959 година во Хордаланд, а во 1963 година сегашниот брод „Епос“ бил изграден специјално за да служи како книжарница. Во тоа време окрузите Согн и Фјордан, Моер и Ромсдал се приклучија на службата. Иако инфраструктурата се менува, и се градат патишта и мостови, сепак има локации до кои најлесно се стигнува со брод. Бродот со книги е долг 80 стапки, носи приближно 6000 книги и посетува 250 мали заедници двапати годишно. Услугите на книжарницата се финансираа преку буџетите на трите окружни библиотеки, со враќање на средствата од 50% од државата.

Работно време на библиотеката

Бродот со книги плови од септември до април, а секое патување се состои од 64 дена во трите окрузи заедно. Секој ден застанува на едно до четири места, а просечното време покрај кејот е еден до два часа. И во овој краток и напорен временски период прима понекогаш и до 150 деца, со наставници и родители исто така – понекогаш само неколку, во зависност од големината на местото и времето од денот. Двајца од персоналот од окружната библиотека работат заедно на секое патување, а екипажот на бродот го брои капетанот, еден способен морепловец и готвач. Сите тие живеат на брод онолку долго колку што трае секое патување.

Зимската сезона е темна во Норвешка, и добра сезона за читање – но исто така е и бурна сезона. Кога ветрот станува премногу силен, а брановите стануваат превисоки – единственото нешто што може да се направи е да се побара засолниште во пристаништето. Бродот со книги е познат по својата точност во следењето на маршрутата, а за сите е разочарување кога времето е премногу лошо и го спречува екипажот  да стигне навреме до  пристаништата.

Услуги на библиотеката

Детските книги се главен дел од збирките книги. Во оваа библиотека им се дава приоритет на децата, а тие се и нивните главни корисници. Секоја општина во Норвешка има јавна библиотека, многу од нив со неколку филијали. Трите окрузи на западниот брег имаат многу мали комуни и пејзаж со острови, длабоки фјордови и високи планини што ја отежнуваат комуникацијата повеќе отколку во кој било друг дел од земјата. Единствена библиотека е училишната библиотека, а во малите комуни библиотеките на основните училишта се многу мали и речиси и да не постојат. Дури и во богата земја како Норвешка важноста на училишните библиотеки не се цени и многу од нив не се опремени да ги задоволат потребите на децата во денешното модерно образование. Така, за многу од децата пловечката библиотека е всушност нивната главна библиотека. Децата се возбудени од самото искуство на посета на брод. И додека се на бродот, екупажот покажува што содржи библиотеката, библиотека со многу повеќе книги отколку што се навикнати да гледаат во нивните училишни библиотеки, и со персонал кој ќе им помогне да најдат соодветни книги. Тоа само по себе е стимулација за понатамошно читање и за откривање на светот на книгите. Тие можат да изберат онолку книги колку што сакаат, без ограничувања – многу деца земаат онолку колку што можат да носат. Збирките на библиотеката исто така вклучуваат книги за возрасни, а библиотеката има верни читатели кои доаѓаат да ја добијат својата книга за половина година во тоа време. Имаат и повремени посетители кои доаѓаат од љубопитност да видат што содржи оваа мобилна библиотека, како и родители кои ги следат своите деца и потоа случајно наоѓаат нешто што им е интересно и за себе. Бидејќи секое место се посетува само двапати годишно, потребен е систем за циркулирање на книгите помеѓу повиците, за да се направи услугата што е можно подобра. Затоа, се оставаат депозити на книги на секое место, кои варираат од 50 до 300 книги секој пат, и се менуваат следниот пат кога ќе дојде бродот. На секое место има „лице за контакт“ одговорно да ги позајми овие книги, да ги собере пред следната посета и да ги врати. Обично оваа задача ја врши учител на училиште, но понекогаш и заинтересиран приватен поединец.

Културни настани

Секогаш на бродот покрај книги има и забава во живо како што се театар, куклен театар, писател кој ги чита неговите/нејзините приказни, музика или други претстави погодни за деца. Училиштата и градинките се многу благодарни за ова. Ова е многу важен дел од услугата, бидејќи руралните области имаат многу малку да понудат во однос на културните настани, особено за децата, а веќе 41 година книжарницата е сцена каде што многу мали деца се среќаваат со изведувачи во живо за многу прв пат. Тие сметаат дека нивна одговорност е да ги прикажат постоечките алтернативи на телевизијата и компјутерските игри, кои одземаат толку многу од времето на децата, – читањето како и други искуства. Затоа, внимателно се избираат забавувачите и се користат професионалци со висококвалитетни изведби. Уметниците кои патуваат со библиотеката, исто така, добиваат искуство различно од вообичаеното, бидејќи книжарницата е многу интимна сцена за играње и тие многу се зближуваат со својата публика. Самата библиотека ја користат како бина, со децата седнати на подот и на малите столчиња, преполни околу сцената.

Збирките

Трите окружни библиотеки имаат своја колекција на книги кои се преместуваат на и надвор од бродот по секое патување во секоја област.

Бродот со книги носи само мала библиотека, приближно 6000 наслови, а бродските библиотекари внимателно ги избираат нивните набавки, обидувајќи се да ги задоволат потребите на нивните корисници. Скоро половина од фондовите се детски книги – а за детскиот оддел се купува се што е објавено на норвешки јазик, во просек 400 наслови годишно, во 3 до 5 примероци. Исто така, тие започнале да создаваат мала колекција на аудио книги за деца. Одделот за возрасни се состои од нова белетристика, избор на класици и има акцент на слободното читање – со помала количина на популарни не-фикција книги.

Најново

Последни колумни