Book Buddy – нова дигитална алатка на „Антолог“

„Секој од нас има некој пријател со кој разменува или позајмува книги, а сега постои соврешен партнер кој нуди многу повеќе. Дали си подготвен да го запознаеш твојот нов најдобар книжевен пријател?“ велат од Антолог.
Book Buddy

Book Buddy (Книжевен пријател) е името на новата дигитална алатка на издавачката куќа „Антолог“ која е замислена како платформа преку која на книгите ќе им се даде можност да живеат многу животи, а на читателите да имаат побогат социјален пристап до сродните луѓе и да добијат поголема достапност до книжевните дела објавени во различни временски периоди.

„Секој од нас има некој пријател со кој разменува или позајмува книги, а сега постои соврешен партнер кој нуди многу повеќе. Дали си подготвен да го запознаеш твојот нов најдобар книжевен пријател?“ велат од Антолог.

Book Buddy е реализиран во рамки на проектот „Создадено во Европа: Moќта на различноста“, а со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни