Search

,,Body Shaming’’ – што претставува и како да се справите со тоа

Срамот од сопственото тело е една од оние сурови и непотребни работи со која се соочуваат многу луѓе а често може да ја почуствуваме и на сопствена кожа. Тоа е форма на малтретирање, каде што луѓето ги понижуваат другите со коментирање на нивниот физички изглед. Но, срамот од телото не е само понижување. Тоа може сериозно да влијае на вашата самодоверба а познато е дека води до депресија и нарушувања во исхраната. Никој не заслужува да се срами од своето тело. Доколку некогаш коментарите на другите луѓе ве натерале да се чувствувате лошо во врска со вашето тело прочитајте во продолжение како најлесно да се справите со тоа.

Како да забележите ,,Body Shaming

За жал, луѓето се срамат од сопственото тело поради многу причини, вклучувајќи ја нивната големина, висина, бојата на нивната кожа, нивниот родов идентитет или нивната попреченост. Но, чуството кое го имаат не е толку очигледно. Тоа може да биде суптилно и потешко да се забележи, и покрај тоа што прави некој да се чувствува непријатно.

  • Непристојни и навредливи коментари, како што се: „Премногу си висока за девојка“ или „Ти си слаб за момче“.
  • „Пријателските“ коментари од ваши блиски или од вашето семејство како што се: „Дали навистина мислиш дека треба да го јадеш тоа парче торта?“
  • Социјалните мрежи го подигнаа срамењето од сопственото тело на ново ниво. Можеби сте забележале дека славните личности добиваат  многу коментари поради целулит, стрии и многу други работи кои ги имаме сите.

Како да одговорите на ,,Body Shaming’’ ?

Не постои основно правило кога станува збор за одговор што треба да го дадете кога некој коментира за вашето тело. Зависи од она што ви го кажале, како сте го доживеале тоа и колку самоуверени се чувствувате во моментот. Но запомнете ги овие работи:

  • Не треба да биде ваша одговорност да ги едуцирате луѓето. Ако немате енергија или доколку не е вистинскиот момент да одговорите за да се заштитите себеси, не чувствувајте одговорност дека мора да дадете одговор. Ако приметите дека некој ве исмејува на социјалните мрежи поради вашето тело – блокирајте ги тие луѓе.
  • Ако навистина имате време и сметате дека треба да го оспорите нечиј коментар, можете да се издигнете над ситуацијата и да завземете став : „Се трудам да не зборувам негативно за физичкиот изглед на било кој“ или  „Во каков чуден свет живееме каде луѓето чувствуваат дека можат да си ги судат телата еден на друг“.

Што кога срамот од сопственото тело почнува да влијае на вас и на вашите чувства

Најлесно е да кажеме: „Не дозволувај коментарите да допрат до тебе“, но во реалноста, кога многу често ги слушаме или читаме овие коментари, тие навистина може да влијаат на нас. Доколку се чувствувате нервозно, депресивно или сте тажни поради чувството на срам од  сопственото тело, знајте дека тоа е многу честа појава кај голем број на луѓе. Неколку работи што можете да ги направите за да се заштитите :

  • Разговарајте со некој во кој имате доверба за тоа како се чувствувате поради коментарите кои ги добивате што предизвикуваат да имате срам од сопственото тело. Доколку ги чувате во себе овие емоции може само да се чуствувате полошо.
  • Вежбајте да бидете љубезни кон вашето тело. Колку сте пољубезни кон себе, толку поиздржливи ќе бидете кога ќе доживеете засрамување на телото. Засакајте го вашето тело со сите негови недостатоци и запомнете дека никој не е совршен.
  • Ако има некој што прави да не се чувствувате добро во врска со вашето тело, оддалечете се од него, дури и ако се ваши блиски пријатели. Наместо тоа, следете позитивни луѓе на социјалните мрежи кои објавуваат пораки за прифаќање на телото и имаат свои лични приказни за тоа како тие го прифатиле својот изглед.

Извор: https://www.themix.org.uk/mental-health/body-image-and-self-esteem/how-to-handle-body-shaming-32324.html

Најново

Последни колумни