Битолскиот театар со попуст за жените за 8 март

Битолскиот театар за 8 март ќе ја одигра претставата „Кокошка“, а како поклон за сите жени кои ќе одлучат овој ден да го прослават во театар ќе добијат попуст од 50 отсто за влезниците.

Комедијата „Кокошка“ е претстава за која често се бара карта повеќе во Битолскиот театар. Оваа комедија на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Во истата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ, светло Игор Мицевски, тон Николче Терзиевски.

Николај Кољада – „сонцето на руската драматургија“, веќе три децении предизвикува голем интерес во театарскиот свет. Неговите пиеси се поставувани во најзнаменитите театри во Русија, преведени се на многу јазици и се изведуваат во Германија, Италија, Англија, САД, Швајцарија. „Феноменот Кољада“ во театарот не е случаен: тој е извонреден драматург – неговите пиеси се интересни за анализа и во нив има за што да се размислува.

Кољада е можеби суров во својот натурализам, тој не нуди лажна утеха за животот таков каков што е, но и не го остава човекот без потпора во неговата потрага да се извлече од празнината и небитието. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни