Активисти ги скршиле стаклата од просториите на Рамштајн, сметаат дека фронтменот е силувач

Седиштето на хеви метал бендот Рамштајн во Берлин беше нападнато по серијата обвинувања за сексуална злоупотреба изнесени против фронтменот Тил Линдеман.

Активисти го нападнале седиштето на бендот во Берлин и ги искршиле прозорците и напишале графити „Нема бина за сторителите“, пренесува Билд. Државната безбедност ја презеде истрагата бидејќи не можеше да се исклучи политичка мотивација, а првичните информации покажуваат дека одговорност за нападот ја презеде левичарска екстремистичка група.

Профилот на Твитер наречен North East Antifa Berlin укажа на инцидентот, поврзувајќи се со кратка статија за Контраполис, платформа која се претставува како „отворена за вести и дискусија“, која тврди дека е „дел од еманципаторска, антиавторитарна и револуционерна борба во градот“.

Нападот се чини дека е одговор на наводите за сексуална злоупотреба неодамна изнесени против Тил Линдеман, фронтменот на бендот, еден од најпознатите германски музичари. Имено, Шелби Лин (24) на Твитер го обвини 60-годишниот Линдерман и неговиот тим за злоставување, тврдејќи дека во пијалокот и била ставена дрога кога присуствувала на настапот на бендот во Вилнус, Литванија.

Лин тврди дека била поканета на забава на која Линдеман се однесувал агресивно кон неа кога таа одбила да има секс со него и тврди дека повраќала 24 часа по свирката. Таа објави слики од повредите на социјалните мрежи и поднесе тужба, која Линдеман ја негираше.

Оттогаш се појавија и други жени, а изјавите објавени од претставниците на бендот дека ги сфаќаат наводите многу сериозно се сметаат за недоволни. Дел од фановите велат дека повеќе нема да го поддржуваат Рамштајн на кој било начин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс