Тој вели дека е информиран дека студентите протестираат против корумпираната влада која станала глува за гласот на својот народ.
„Треба да бидеме попаметни кога бираме политичари, треба да бидеме подобри кога бираме луѓе на позиции на моќ. Мојата порака до студентите во Србија, кичмата на овие протести и интелектуаланта и спиритуалната душа на вашата земја е никогаш да не се откажувате од борбата за слободата и немојте да го предавате вашето право за правда за сите“ вели Стјуард.
Тој додава дека во овој историски момент српските студенти може да бидат искра која ќе го запали пламенот на демократијата низ светот.
„Пумпај и динстај насекаде низ светот“ рече тој на српски јазик.