Адел го паузираше концертот за да го емитува олимпиското финале на 100 метри

Фото: X/@sophxadelexf1

Адел во моментов е во Минхен, каде што ќе има концерти до крајот на месецот, а веќе на вторито концерт го привлече вниманието на светската јавност со една постапка.

Својот прв концерт Адел мораше да го прекине за да соблече дел од својот фустан кој беше воден од дождот, а вториот го прекине за да ги гледа Олимписките игри кои се одржуваат во Париз.

Стануваше збор за женското финале на 100 метри, кое Адел го пушти на големиот екран за да го проследат сите 80 илјади присутни фанови.

На таа трката златото го зеде Џулијен Алфред со првиот медал за Света Луција, среброто ѝ припадна на Шакари Ричардсон од САД, додека брозната ја зеде Мелиса Џеферсон, исто така од САД.

Со овој потег Адел ги воодушеви фановите, кои снимките од тоа ги споделија на социјалните мрежи.

„Кралицата дава поддршка на други кралици“ беше еден од коментарите.

Адел својот престој во Минхен го започна на крајот на минатата недела, каде што ќе настапува два пати неделно се до 31 август, кога се враќа во Лас Вегас.

Најново

Последни колумни