Search
По повод Меѓународниот ден на мултилатерализмот и дипломатијата за мир

Europе House Veles распишува фото конкурс “Diplomatic Lenses”

Во чест на Меѓународниот ден на мултилатерализмот и дипломатијата за мир, Europе House Veles распишува фото конкурс “Diplomatic Lenses”.

„Сликнете ни ја вашата перспектива за мир, дипломатија и сѐ она што ве инспирира на визија на подобар свет и ако вашата фотографија нè фасцинира, Fuji Instax камерата станува ваш нов партнер за авантури! Не е потребно професионална камера – користете било кој тип на камера!„ се вели во објавата за конкурсот.

За да се учествува на конкурсот потребно е да се слика нешто што претставува мултилатерализам, дипломатија или пак мир, да се напише краток опис што ја објаснува визијата и порака како и наслов на фотографијата и да се испрати фотографија со име и презиме на veles@euhouse.mk.

Конкурсот трае до 1-ви мај, а победникот ќе биде назначен и објавен по оценувањето на стручна жири комисија. 

„Вашите перспективи и креативни гледишта се важни за нас. Искористете ја оваа прилика да покажете како фотографијата може да биде моќен медиум за илустрација на дипломатска хармонија “, порачуваат од Europе House Veles.

Најново

Последни колумни