Хуманитарниот концерт се одржа на Градскиот стадион во Скопје под мотото „Образованието е одговорност на сите“, а парите од билетите беа донирани за проект за основно образование, со кои беа реновирани околу 100 училишта низ земјата.
„Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество“, изјави Тоше на прес-конференција, непосредно пред концертот.
Билетите за концертот чинеа само симболични 200 денари.
Концертот на 5 октомври 2007 година беше трет солистички концерт на Градскито стадион за Тоше, кој во тој момент беше најголема македонска музичка ѕвезда.
Гости на концертот на Тоше му беа Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола.
Градскиот стадион во Скопје денес го носи неговото име.