Од таму велат дека ќе го разгледаат барањето и ќе ги анализираат состојбите на кои укажува ЗПТ, но според првичните информации, се работи за ситуација што е во надлежност на организаторот на конкретниот настан.
„При организација на настани од страна на надлежни институции, Владата во целост ја почитува примената и употребата на македонскиот јазик,“ додаваат од владината прес-служба.
Телма информира дека прашања биле испратени и до Генералниот секретаријат на Собранието, но засега одговор оттаму нема.