The Prodigy и Carl Cox тргнуваат на заедничка турнеја низ Велика Британија и Ирска!

Легендарните електронски хероји од Британија, The Prodigy, најавија турнеја што ќе ги раздрма арените низ Велика Британија и Ирска – и тоа во друштво на неприкосновениот Carl Cox, кој секоја вечер ќе ја загрева публиката со винл сет на три грамофони!

Турнејата започнува на 15 април во Глазгов, а завршува на 28 април во Даблин, со станици во Манчестер, Бирмингем, Кардиф, Борнмут, Лидс и Белфаст. Врвот ќе бидат два спектакуларни концерти во OVO Arena Wembley, на 24 и 25 април.

Carl Cox ќе миксува винл треки со класичен хардкор рејв звук и модерна електроника. Во најавата се вели – „очекувајте чист хаос“.

Carl Cox:
„Навистина сакам да работам со оваа екипа. Последен пат кога настапивме заедно пуштав хардкор рејв на три грамофони – и повторно ќе го направам тоа. Комбинација од стари вибрации и нови траки. Едвај чекам. Carl Cox и The Prodigy повторно заедно – за тотално уништување на танц подиумот!“

Liam Howlett (The Prodigy):
„Го враќаме целиот оној хаотичен енергетски пакет – бучава, ритми, од отворање врати до последниот излез од салата. Ќе биде класичен Prodigy неред со нови траки. И, секако, нашиот стар пријател Carl е со нас – очекувајте напад со полна сила, фактор 9. LET’S GO!“

The Prodigy ќе настапат и на Glastonbury Festival на 29 јуни на бината The Other Stage во 21:45 по британско време. Претходно оваа година, настапија на Coachella и имаа прв самостоен концерт во Северна Америка по 2017 година – во Сан Франциско.

Carl Cox неодамна го реактивираше својот техно лејбл Intec и започна нова резиденција на Ибица – [UNVRS], која ја опишува како „целосно нов свет“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни