Студентите најавија протест пред Генералштабот во Белград – „Ќе бидеме жив ѕид“

Во 11:00 часот студентите ќе се соберат пред симболот на бомбардираниот Белград, барајќи државата да ја заштити зградата од рушење.

Во Белград денеска, во 11:00 часот, пред зградата на поранешниот Генералштаб, ќе се одржи протест под мотото „Ќе бидеме жив ѕид“, организиран од студенти на Факултетот за применети уметности, Архитектонскиот факултет и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград.

Поводот е најавата дека властите размислуваат за рушење или радикална реконструкција на овој комплекс, оштетен во НАТО-бомбардирањата во 1999 година, кој со години стои како едно од најпрепознатливите архитектонски и историски обележја на градот.

Организаторите, обединети во иницијативата „Ансамбл Генералштаб“, велат дека протестот е мирен собир и предупредување до властите:

„Ако државата не ја заштити оваа зграда, ние ќе ја браниме со своите тела.“

Според организаторите, Генералштабот не е само објект, туку симбол на колективната меморија и на идентитетот на Белград. Архитекти, универзитетски професори и активисти за културно наследство ја поддржаа иницијативата, укажувајќи дека рушењето би било неповратна загуба за историското ткиво на градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни