Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Иако дел од европските авиокомпании се соочуваат со неизвесност поради состојбата на Блискиот Исток, земјава засега има стабилни резерви на авионско гориво.

Македонија располага со резерви од керозин за околу 90 дена, што е повеќе од законски предвидениот минимум од 60 дена, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Според него, состојбата со снабдувањето е стабилна и во моментов не се очекуваат проблеми, иако дел од европските авиокомпании се соочуваат со притисок поради кризата на Блискиот Исток и нарушувањата на пазарот на авионско гориво.

Николоски посочи дека со керозин од Македонија, покрај двата домашни аеродроми, се снабдува и аеродромот во Приштина, како и делумно аеродромот во Ниш. Тој тврди дека одредени авиокомпании слетуваат во Скопје со помалку гориво, за потоа да наточат керозин и да продолжат кон следната дестинација.

Во Европа, во меѓувреме, се разгледуваат алтернативни решенија за авионското гориво, вклучително и можност за увоз од САД, поради зголемената неизвесност околу снабдувањето и цените. Македонските власти, сепак, уверуваат дека засега нема ризик од недостиг на керозин во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни