КИЦ распиша конкурс за фестивалот Звукот на Скопје 2025

Изборот на проектите ќе го изврши комисија формирана од Културно Информативен Центар – Скопје и Град Скопје

Културно Информативниот Центар – Скопје, објавува конкурс и ги повикува сите музичари и уметници од различни области да конкурираат за манифестацијата „Звукот на Скопје“ за 2025 година.

„Заинтересираните страни на еден ворд документ треба да поднесат апликација со: кратка биографија, опис на проектот и евентуални материјали во врска со проектот (линкови, фотографии, технички рајдер и сл.). Потребната документација треба да се испрати на e-mail адресата info@kic.mk со subject „За ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“. Конкурсот ќе трае до 2.5.2025 година“ велат организаторите.

Средствата за избраните проектите ќе бидат обезбедени од Град Скопје и Министерство за култура, додека изборот на проектите ќе го изврши комисија формирана од Културно Информативен Центар – Скопје и Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни