ЕУ донесе Закон за обнова на природата

Природата во Европската унија е загрижувачки загрозена, а според официјалните податоци, над 80 отсто од природните живеалишта бараат реставрација. Затоа, во јуни 2022 година, Европската комисија го предложи Законот за обновување на природата, кој за прв пат во историјата има за цел да спроведе мерки не само за зачувување, туку и за обновување на природата.

Две години подоцна, Советот на Европа официјално го усвои овој закон, а историската одлука ќе овозможи обновување на најмалку 20 проценти од копнените и поморските области на ЕУ до 2030 година, како и сите екосистеми на кои им е потребна реставрација до 2050 година. на соопштението на Советот на Европа.

„Нема време за пауза во заштитата на животната средина. Денеска, Советот на ЕУ одлучува да ја обнови природата во Европа, со што ќе ја заштити нејзината биолошка разновидност и животната средина на европските граѓани. Наша должност е да одговориме на итноста од колапсот на биодиверзитетот во Европа, но и да и овозможиме на Европската унија да ги исполни своите меѓународни обврски“, изјави белгискиот политичар Елан Мерон.

Благодарение на новиот Закон, Европската Унија ќе може да ги исполни своите меѓународни обврски, особено Глобалната рамка за биолошка разновидност договорена на Конференцијата на ОН за биолошка разновидност во 2022 година (COP15).

Законот, исто така, треба да ги ублажи климатските промени и ефектите од природните катастрофи во ЕУ, како и да ја подобри безбедноста на храната.

Реставрацијата се однесува на сите екосистеми

Бидејќи досегашните напори за заштита и зачувување на природата не ги дадоа посакуваните резултати, Законот за обновување на природата поставува конкретни, законски обврзувачки цели за обновување на копнените, морските, слатководните и урбаните екосистеми.

Кога станува збор за живеалишта за кои се смета дека се во лоша состојба, земјите-членки ќе преземат мерки за обновување на најмалку 30 отсто од површините до крајот на деценијата, најмалку 60 отсто до 2040 година и најмалку 90 отсто до 2050 година.

Законот, исто така, има за цел да ги врати изобилството и разновидноста на опрашувачите во Европа, како и да ја зголеми популацијата на шумски птици, да ги обнови исушените тресети и да засади најмалку три милијарди дополнителни дрвја до 2030 година на ниво на ЕУ.

А бидејќи речните екосистеми во добар дел од Европската унија се во критична состојба, Законот предвидува дека до крајот на деценијата најмалку 25.000 км реки ќе се претворат во реки што течат слободно, со што ќе се обврзат земјите-членки да преземат мерки за отстранување на вештачките бариери.

Според новите правила, членовите ќе треба да креираат национални планови кои покажуваат како ќе ги исполнат наведените цели, а ќе бидат обврзани и да известуваат за напредокот.

Фото: pexels

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни