Избирањето на закуски богати со влакна, здрави масти и протеини може да ви помогне во стабилизирањето на нивоата на глукоза и да ја подобрат чувствителноста на инсулин, поради што се одличен избор за контрола на шеќерот во крвта.
Диетичарот Римас Гига издвојува четири примери на здрави и вкусни оброци во кои ќе уживате, а истовремено позитивно ќе влијаат врз нивото на шеќерот.
Пудинг од чиа семе
Чиа семките имаат доста хранливи состојки и се вистински избор, особено кога станува збор за контрола на шеќерот во крвта. Гига истакнува дека чиа семето е одличен извор на влакна и Омега-3 масни киселини.
Кога овие ситни семки се натопуваат во течност, тие се шират и создаваат супстанца слична на гел, која го забавува варењето, спречувајќи брзи скокови на шеќерот во крвта. За да се ја направите оваа закуска, измешајте чиа семе со незасладено бадемово млеко и малку ванила и оставете го да отстои преку ноќ.
Резултатот е пудинг кој не само што е вкусен, туку и ефикасно дава енергија и ја зголемува чувствителноста на инсулин.
„Благодарение на неговата висока содржина на влакна, пудингот од чиа семе ја помага контролата на шеќерот во крвта и обезбедува долготрајна ситост“, додава диететичарот.
Грчки јогурт со ленено семе
Комбинацијата од грчки јогурт и ленено семе создава меѓуоброк кој не само што заситува, туку е и корисен за контрола на шеќерот во крвта.
„Грчкиот јогурт е богат со протеини и пробиотици кои се неопходни за здравјето на цревата и чувствителноста на инсулин. Кога ќе додадете ленено семе, кое е преполно со влакна и алфа-линоленски киселини, комбинацијата го подобрува варењето и одржува стабилно ниво на шеќер во крвта“ вели Гига.
Се препорачува да се избира обичен, незасладен грчки јогурт со цел да се избегнат додадените шеќери и да се додаде една лажчка мелено лененено семе за најдобар резултат.
Јаболко со путер од бадем
Јаболката и путерот од бадем класична комбинација која не е само вкусна туку е и одлична за тие кои се борат со шеќерот во крвта.
„Јаболката се фантастичен извор на влакна, особено кога се јадат сосе кората, додека путерот од бадем обезбедува здрави масти и протеини“ истакнува диетичарот.
Оваа комбинација помага да се воспостави рамнотежа на нивото на шеќерот и обезбедува рамномерно ослободување на енергијата. Влакната во јаболката ја забавуваат апсорпцијата на шеќер, а здравите масти во путерот од бадем помагаат да останете сити подолго време, намалувајќи го ризикот од скокови на шеќерот во крвта.
Печени леблебии
Иако сите претходно наведени опции беа благи, Гига издвои и една за тие кои повеќе сакаат солена храна. За крцкав и задоволувачки меѓуоброк најдобар избор се печените леблебии.
„Леблебиите не се само добар извор на протеини, туку се и богати со влакна, кои се неопходни за контрола на нивото на шеќер во крвта“ вели тој.
Тој додава дека печените леблебии со малку маслиново масло и вашите омилени зачини прават вкусен меѓуоброк кој помага да се стабилизира шеќерот во крвта, бидејќи обезбедува бавно, континуирано испуштање на глукоза во крвотокот.
„Освен тоа, влакната и протеините во леблебиите ја подобруваат чувствителноста на инсулин, што ги прави идеален меѓоброк за оние кои сакаат да го контролираат шеќерот“ истакнува тој.
Извор: Б92