Бања Лука забрани концерт на „Десингерица и Пљугица“: Тие кои промовираат вакви настапи не може да сметаат на општинска помош

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ не учествува во организација и не го поддржува концертот на Десингерица и Пљугица во неговиот град. Тој истакна дека негова должност е да ги следи вредностите кои се пласираат на децата и издаде наредба на надлежните органи да го анализираат овој настан.

„Бања Лука не учествува во организацијата и не го поддржува одржувањето на концертот на изведувачите наречени ‘Десингерица и Пљугица’. Во таа насока издадов наредба до сите наши компании како и до надлежните сектори да го анализираат самиот настан и да се запознаат со содржината на настанот кој е планиран да се одржи на јавни површини на територијата на градот Бања. Лука по добиеното барање за давање под закуп на јавна површина“ – истакна тој.

Контроверзните рапери со своите настапи не прекинуваат да ја провоцираат јавноста, а освен што користат перверзна кореографија пред децата, видеото кое предизвика најмногу негативни коментари е од еден настап кога Десингерица со патика удираше девојка по главата.

По објавата на градоначалникот Станивуковиќ со реакција се јави и раперот кој кажа дека ништо нема да го спречи да го прави тоа што го прави на настапите. Ваквата реакција од раперот беше причината градот Бања Лука да го забрани настапот и најави дека секоја компанија и агенција која ќе помогне во организирањето на овој настап на приватен имот нема да може веќе да рачуна на поддршка од локалната самоуправа.

„Драги родители и млади луѓе, обрнете внимание што денес им се пропагира на младите, на какви концерти одат и какви содржини им се пласираат на интернет. Што се однесува на агенциите кои ќе промовираат вакви и слични содржини, веќе нема да може да сметаат на поддршка на градот Бања Лука, а на седницата на Сојузот на општини и градови на Република Српска ќе предложам тој пример да го следат и другите локални заедници“ напиша градоначалникот Станивкуковиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни