Граѓаните на Европскиот ден на јазиците: Внимание, треба да си ги разбираме нашите јазици

По повод 26 септември, Европскиот ден на јазиците, „Внимание“ ги праша граѓаните: Покрај англискиот, кој странски јазик задолжително треба да го учат децата – германскиот, шпанскиот, рускиот, или кинескиот?

По повод 26 септември, Европскиот ден на јазиците, „Внимание“ ги праша граѓаните: Покрај англискиот, кој странски јазик задолжително треба да го учат децата – германскиот, шпанскиот, рускиот, или кинескиот? Повеќето граѓани велат германскиот, зашто најмногу сме се иселувале во Германија. Некои го споменуваат и рускиот, а една граѓанка вели: „Зошто маџарски да не се учи?“

На прашањето „Дали Македонците треба да учат и албански, српски, турски, влашки, ромски и босански јазик?“, мислењата се поделени. Еден граѓанин одговара потврдно и поентира: „Бидејќи сите живееме тука и треба да си ги разбираме нашите јазици“.

И на прашањето „⁠Што мислите – македонскиот јазик ќе биде позаштитен ако сме, или ако не сме членка на ЕУ?“, мислењата се поделени. „Мислам дека кога ќе бидеме дел од една таква Унија, помали се шансите некој да може да го напаѓа идентитетот на една држава“, вели еден граѓанин.
Најголем интерес предизвика прашањето „На колку јазици знаеш да кажеш „те сакам“?

Погледнете ја најновата епизода на „Внимание“, која се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни