Револтот кулминираше по последниот голем пожар на депонијата, кога заради безбедност беа исклучени далекуводите што ја снабдуваат со струја Аеродром и Лисиче, оставајќи ги граѓаните пет часа без електрична енергија. Мирисот на запалено сѐ уште се чувствува, иако во интервенцијата учествуваа пет противпожарни возила.
Жителите велат дека бараат итно решение и отворено истакнуваат дека не ги интересираат претстојните избори. Дополнително, незадоволството расте бидејќи на 1 септември децата се вратија на училиште во услови на густ чад и неподнослива миризба.
Вечерва во 18 часот тие ќе одржат состанок, на кој треба да ги усогласат деталите околу секојдневните протести што веќе ги најавија преку флаери и јавни известувања.