Србија во текот на ноќта беше погодена од два земјотреси, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија.
Посилниот земјотрес бил регистриран во 2:35 часот по полноќ, во близина на Бездан, со магнитуда од 4,1 степени. Според податоците на институтот, интензитетот во епицентарот бил проценет на шест степени според Меркалиевата скала.
Таков земјотрес може да предизвика помали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје, објави Радио-телевизија на Србија.
Епицентарот бил во областа меѓу Бездан и Бачки Моноштор, на работ на Специјалниот резерват „Горње Подунавље“.
Околу десет минути подоцна бил регистриран уште еден, послаб земјотрес, со магнитуда од 2,5 степени.