Но, интересно е тоа што оваа земја има скоро 4 милиони коњи, што значи дека има повеќе коњи отколку луѓе. Густината на население во Монголија е само 2,14 лица по квадратен километар.
Монголија – земја на коњи
Монголија е најретко населената земја на светот и е земја без излез на море, која се наоѓа помеѓу Источна и Централна Азија. Таа е позната по својата номадска култура и длабоката врска со коњите.
Во историјата, номадските војски на коњи, предводени од Чингис Хан, создале огромно царство кое се простирало од Унгарија до Кореја. Коњот бил клучен за воените походи, комуникацијата и организацијата на Царството, што им овозможило на Монголците да бидат речиси непобедливи.
Денес, коњите остануваат централни во животот на Монголците.
Голем дел од исхраната во Монголија се заснова на пет домашни животни: коњи, говеда, камили, овци и кози, при што коњот е најценетиот. Децата започнуваат да јаваат со три години, а коњските трки со мали јахачи се и понатаму популарен спорт. Коњот е симбол на гордоста и радоста на монголскиот народ.
Враќање на дивиот коњ – takhi
Еден од најзначајните симболи на Монголија е takhi, дивиот коњ од евроазиските степи. Овој коњ бил сметан за симбол на слобода и сила, но исчезнал во природата во 1960-тите. Благодарение на програмите за повторно воведување, takhi се вратил на монголските степи и во Гоби, што се доживува како обнова на дел од монголскиот идентитет и наследство.
Ретки земји со ниска густина на население
После Монголија, најретко населените земји се Намибија и Австралија, со густина на население од 3,14 и 3,35 лица по квадратен километар. Следуваат Француска Гвајана, Исланд, Суринам, Либија, Гвајана и Боцвана, кои имаат густина на население помеѓу 3,62 и 4 лица по квадратен километар.
Извор: N1info.rs