Зеленски: Украина ќе биде подготвена за отворање на сите кластери во првата половина на 2026 година

Според зборовите на Зеленски , Украина ќе биде технички подготвена за преговори во првата половина на 2026 година

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес процени дека неговата земја ќе биде подготвена за отворање на сите кластери во првата половина на 2026 година и целосно технички подготвена за прием во Европската унија во 2027 година, пренесува Укринформ.

Зеленски, за време на заедничката прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска во Вилнус, изјави дека е важно Украина да одреди конкретен датум за пристапување во ЕУ во мировниот договор, со цел да се обезбедат јасни безбедносни гаранции и да се спречи какво било блокирање на нејзиното членство.

Вториот слој безбедносни гаранции за Украина се европските безбедносни гаранции, Коалицијата на волјата и, најважно, членството во Европската Унија. Ова се економски безбедносни гаранции за Украина. Се стремиме кон 2027 година“, рече Зеленски.

Според неговите зборови, „Украина ќе биде технички подготвена во првата половина на 2026 година во однос на отворањето на сите кластери“.

„Сосема технички, според нас ќе бидеме подготвени во 2027 година. Сакаме конкретен датум во нашиот договор за завршување на војната, така што сите страни ќе се придржуваат до овие договори, вклучително и агресорот, кој ќе го потпише планот од 20 точки ако дојде моментот, за да не може никој да нè блокира после тоа“, рече украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека главните безбедносни гаранции за Украина се билатералните договори со Соединетите Американски Држави и дека „релевантниот документ е веќе 100 проценти готов“.

„Чекаме подготвеност од нашите партнери – датум и место на потпишување. После тоа, документот ќе оди во Конгресот на САД и украинскиот парламент за ратификација, во согласност со нашите договори“, додаде Зеленски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни