Зеленски до европските лидери: Повлекување можно под јасни безбедносни услови

Украинскиот претседател пред средбата со Трамп порача дека одлуката за мир зависи од поддршката на партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со својата делегација пристигна на Флорида, каде што треба да одржи разговори со Доналд Трамп. Во пресрет на средбата, Зеленски доби поддршка од европските лидери и од Канада, пренесуваат меѓународните медиуми.

Според информации објавени во европски дипломатски кругови, Зеленски им порачал на лидерите на Европската Унија дека Украина би можела да размисли за повлекување од одредени позиции само доколку бидат исполнети строги безбедносни и политички услови. Тој нагласил дека Киев не може да прифати решение кое не гарантира долгорочна безбедност и стабилност за земјата.

Во исто време, Владимир Путин соопшти дека руските сили зазеле два украински града – Мирнохрад и Хуљајпоље. Двете страни и денес известуваат за напади врз енергетски постројки, што дополнително ја комплицира ситуацијата на терен.

Зеленски повтори дека Украина „прави сè што може“ за постигнување мир, но нагласи дека конечната одлука не зависи само од Киев, туку и од подготвеноста на меѓународните партнери да обезбедат цврсти гаранции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни