Зеленски: Подготвен сум за разговор со Путин во било кој формат, но со јасен услов

Украинскиот претседател порача дека дијалогот е можен само ако зборовите и делата на Москва конечно се усогласат.

Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Владимир Путин во било кој формат на разговори, но нагласи дека за тоа постои клучен предуслов – усогласување меѓу зборовите и делата на рускиот лидер.

„Делува малку чудно што Путин му зборува на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака прекин на војната, а истовремено во јавноста вели дека е подготвен да ја продолжи. Тој испукува ракети кон нас, отворено зборува за тоа, се радува на уништувањето на цивилната инфраструктура и им наредува на генералите каде да одат и што да заземат“, изјави Зеленски, пренесува УНИАН.

Според него, ваквите потези на Кремљ се во целосна спротивност со, како што рече, „наводно мирољубивиот јазик“ што Путин го користи во комуникацијата со Вашингтон. Зеленски потенцираше дека Украина не бега од дијалог, но дека вистински разговор за мир е можен само ако постои јасен доказ дека Русија навистина е подготвена да ги прекине нападите и да ги усогласи своите политички пораки со реалната состојба на терен.

Изјавата доаѓа во момент кога дипломатските контакти околу можен мировен процес повторно се интензивираат, но борбите и ракетните напади продолжуваат, што дополнително ја усложнува можноста за директна средба меѓу лидерите на двете земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни