Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа во Париз на преговори за Украина

Средбата на т.н. „Коалиција на желни“ ќе се фокусира на идната безбедносна поддршка за Украина во случај на прекин на огнот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска пристигна во Париз, каде што ќе учествува на состанокот на таканаречената „Коалиција на желни“, соопшти портпаролот на украинскиот претседател.

Во Елисејската палата пристигнаа и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и неговиот зет Џаред Кушнер, пренесува агенцијата Ројтерс.

Се очекува состанокот на „Коалицијата на желни“ да биде посветен на придонесите на земјите-членки во евентуалните мултинационални безбедносни сили за Украина, во случај на постигнување прекин на огнот. Според информациите, овие активности би се реализирале во тесна координација со Украина и со поддршка од Соединетите Американски Држави.

Како што наведува украинската агенција „Укринформ“, разговорите во Париз имаат за цел да ја утврдат рамката за меѓународна соработка и ангажман, во контекст на можен мировен процес и идната безбедносна архитектура во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни