„Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Одлуката на француските компании да почнат со производство на дронови во Украина е особено значајна“, напиша Зеленски во објава на X.

За време на разговорот, исто така, станало збор за санкциите против Русија и напредокот на Украина во процесот на пристапување кон Европската унија, додаде тој.
– Ѝ благодарам на Франција, на претседателот Макрон и лично на господинот Баро за поддршката што ни ја даваат од првите денови на војната. Ви благодарам за солидарноста со нашиот народ, порача Зеленски.