Започнаа подготовикте за големата велосипедска рута до Стразбург: Студентите во блокада денес на тест возење

„Тест возењето ќе биде организирано и во други градови, бидејќи во ова учествуваат студенти од цела Србија. Планот е во Стразбур да заминат 20 луѓе од Нови Сад и 30 од други градови. Денес возењето ќе трае шест часа и ќе заврши до 15 часот“, изјави за Н1 студент од Факултетот за технички науки од Нови Сад.

Студенти во блокада од цела Србија на 3 април ќе тргнат со велосипеди кон Стразбург, за да го привлечат вниманието на меѓународната јавност на нивните барања и проблеми кои постојат во Србија. Денес тие ќе имаат тест возење како дел од подготовите за Стразбург

„Тест возењето, кое денес започнува од Нови Сад, ќе трае шест часа и ќе поминеме 116 километри. Тестот подоцна ќе биде организиран и во други градови. Планот е во Стразбург да заминат 20 студенти од Нови Сад и 30 од други градови“, изјави за Н1 студент од Факултетот за технички науки од Нови Сад.


Заради многу тешкото возење, кое ќе трае 11 дена, студентите во блокада во Нови Сад денес организираат тест на физичката подготвеност на оние кои се заинтересирани да тргнат на патот до Стразбур.

„Планот за денес е да тргнеме велосипедската патека покрај Дунав, од СКЦ во Нови Сад до Челарево и назад, па уште еднаш, и да поминеме вкупно 116 километри. Ќе се обидеме да одржиме побрз ритам, за да ги тестираме луѓето и нивната физичка подготвеност“, изјави за Н1 студент од Факултетот за технички науки од Нови Сад.

Додаде дека студентите ќе се обидат да одржат брзина од околу 22 километри на час.

„Тест возењето ќе биде организирано и во други градови, бидејќи во ова учествуваат студенти од цела Србија. Планот е во Стразбург да заминат 20 луѓе од Нови Сад и 30 од други градови. Денес возењето ќе трае шест часа и ќе заврши до 15 часот“, изјави за Н1 студент од Факултетот за технички науки од Нови Сад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни