ЗА ГОСТИНОТ ОД ЈАПОНИЈА И МАКЕДОНСКИТЕ ПЕСНИ ОТПЕАНИ НА ИНТЕРФЕСТ

„Големо е задоволството што за овој концерт и за настапот на јапонскиот оперски првенец, не слушна само Битола, туку слушна цела Македонија и имаше навистина голем интерес овој концерт да биде посетен, а кога тој пред десет години ја посетил Битола и Македонија се вљубил во македонската музика, во македонскиот јазик и од тогаш дури и започнува да твори на македонски јазик и тоа е само една потврда дека културата и уметноста навистина можат да ги поминат сите граници, можат да спојат две култури кои навидум можеби не изгледале толку блиски, два јазици кои што не се блиски, меѓутоа кои што навистина ја делат љубовта кон уметноста, културата, кон традицијата и мене ми е навистина многу драго за големиот број на посетители, драго ми е што идејните творци на Интерфест всушност повторно уште еднаш докажаа и ја направија Битола центар на културата и драго ми е што овој јапонски оперски пејач настапува токму со националната установа Камерен оркестар на Битола“ вели меѓу другото во интервју за Тера телевизија, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со која разговаравме пред концертот на Казухиро Котецу на Интерфест.

Извор: Тера ТВ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни